Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2021>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7

Маричиќ: Законот за попис е донесен - попис во април ќе има

 Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи на онлајн конференцијата во организација на „Рома Интеграцион Центрум“ го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието. 

 
Министерот кажа дека е време да се престанеме да се гледа на пописот како на политичко прашање, кое служи само за да се пребројат етничките заедници во нашата земја и како општество да се фокусираме на тоа како пописот може да биде своевиден катализатор на развојот на државата и планирањето на политиките, особено за најранливите категории на граѓани.
 
- Без да знаеме колку точно жители има некој град, село или населено место, што точно работат, какво образование имаат, со каков имот располагаат, што точно им е потребно, нема да можеме да креираме долгорочни развојни политики и да имаме соодветен слух за потребите на сите граѓани. Нашата држава повеќе не може да си дозволи „луксуз“ и да остане без попис уште неколку години. Дотолку повеќе што државите членки на Обединетите Нации се обврзани спроведуваат попишување на населението и имотот, изјави Маричиќ.
 
Министерот кажа дека покрај населението со потписот ќе се попишат и нашинците во странство, односно дијаспората, а во Заводот за статистика веќе се изработува и посебна промотивна кампања преку која на овие лица детално ќе им се објасни како да учествуваат во процесот, за сите да можат да го искористат своето право.

Претходна

Маричиќ: Судовите се помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Следна

Маричиќ: Потребно е да се обединиме – пописот е врвен државен приоритет