Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
ДКСК, Скопје
<ноември 2020>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6

Министерот Маричиќ оствари средба со членовите на ДКСК

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата каде оствари средба со претседателката и членовите на антикорупциската комисија.

Во фокусот на денешната средба беа препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, кој е на тема „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.

На состанокот се дискутираше и за потребата на зајакнување на антикорупциските политики и потребата од евентуална измена на законите во областа како што се Законот за заштита на укажувачи, Изборниот законик, а се дискутираше и околу потребата за носење на Закон за потекло на имот.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу можностите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата за поефикасна превенција и борба против корупцијата.


Претходна

Средба на Маричиќ со претставници на ЗНМ и ССНМ: Синдикатите ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Следна

Соопштение за јавност во врска со поднесените апликации пред ЕСЧП