Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ

16.09.2020 Новости-М

 

 Денеска во Министерството за правда на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

На денешната средба беа отворени прашањата за билатералната соработка на двете држави кои во моментот чекорат на патот кон Европската Унија, за кои соговорниците се согласија дека добрата соработка треба да продолжи и да се унапреди. 
 
Министерот Маричиќ истакна дека се радува што регионот активно работи на градење на заедничка иднина и интеграција во Европската Унија и посочи дека Министерството за правда на Република Северна Македонија активно се подготвува за почетокот на преговорите со Европската унија и отворањето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости