Е-Регистар за евидентирање предмети на медијација

17.08.2020 Новости

Од денес медијаторите може да се регистрираат и да користат електронски регистар за евидентирање на предмети на медијација. Е-Регистарот го изработи и е во надлежност на Министерството за Правда, а во истиот може да се внесуваат податоци за предмети на медијација по кои постапувале медијаторите.

 
Целта на воведување на  е-Регистар е  да се олесни работата на медијаторите при евидентирањето на предметите без оглед на исходот на спорот и да се формира база на статистички податоци кои ќе бидат показател за примената на медијацијата како начин на решавање на споровите. 
 
Пријавувањето на предметите во регистарот  ќе го вршат исклучиво медијаторите кои поседуваат важечка лиценца за извршување медијаторски работи и кои се запишани во Именикот на медијатори кој го води Комората на медијатори, по извршена  уредна регистрација во системот за најава, на линкот  http://mediation.pravda.gov.mk/login
 
Евидентирањето на предметите  и достапност до внесените податоци  имаат само медијаторите со цел за доследна примена и почитување на начелото на доверливост на постапката  на медијација

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости