Целосна реконструкција на КПУ - Затвор Битола

11.07.2019 УИС
 

Согласно препораките за подобрување на условите за престој на осудени лица во Република Северна Македонија од страна на ЕУ, се интензивира реконструкцијата на КПУ Затвор – Битола.

Деновиве тече четвртиот месец од започнување на градежните работи при што веќе е во завршна фаза јужното крило од затворот и делот од административната зграда, додека пак за северното крило(притворскиот дел), реконструкцијата сеуште е во тек.

Реконструкцијата опфаќа градежни работи и комплетно нов распоред на спалните соби при што ќе се намали бројот на осудени лица што престојуваат во една соба, како и комплетно опремување на просториите каде ќе престојуваат осудените лица. Планирано е секоја спална соба да има сопствено купатило, телевизори, нови постелнини и сет за одржување на личната хигиена, како и кујна опремена да функционира по ХАСАП стандардите.

Новиот систем за греење и ладење исто така ќе ги подобри условите за престој во затворот како на осудените и притворените лица така и на вработените, а затворската полиција ќе добие комплетно нов систем за надзор на осудените лица кои престојуваат во установата.

Планирано е реконструкцијата да заврши кон крајот на ноември 2019 година со што осудените лица ќе ја издржуваат казната затвор во похумани услови од досегашните.

Автор
Управа за извршување на санкции
02 3223 519
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости