Покана

17.06.2019 Новости-М

 Почитувани претставници на медиумите,

Ве покануваме да ја проследите конференцијата: „Право на независен и непристрасен суд – Автоматска распределба на предметите – АКМИС систем, Закон за управување и движење на предметите“, која ќе се одржи во понеделник, 17 јуни 2019 година, со почеток во 10 часот во хотел ХОЛИДЕЈ ИН – Скопје, во организација на Министерството за правда со поддршка на Амбасада на САД во Република Северна Македонија.

На настанот ќе биде презентирана Анализата и заклучните согледувања од надзорот над функционалноста на АКМИС-от во судовите, согласно Судскиот деловник и Законот за управување и движење на предметите, а учесниците ќе бидат поканети да се осврнат и да ги споделат добрите практики, и предизвиците што се однесуваат на функционалноста на АКМИС системот.

Во прилог ви ја испраќаме агендата за настанот.

Со почит,

Министерство за правда


 

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Архива на новости