ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ, ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЗАТВОРИТЕ - МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА И УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ВЕ ПОВИКУВААТ ДОКОЛКУ ИМАТЕ СОЗНАНИЈА ЗА КОРУПТИВНИ ДЕЈСТВА ВО ЗАТВОРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЗАТВОРИТЕ НА ТЕЛ. ИЛИ ИСПРАТЕТЕ НА АДРЕСА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА 02 3223 519 БУЛ. "ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ" БР.9 .................................................................................................... РЕЗИМЕ од Директорот на Управата за извршување на санкциите во врска со преземените активности кои се однесуваат за подобрување на третманот на осудените лица Почитувани,
Управата за извршување на санкциите согласно своите надлежности континуирано презема крупни реформски зафати во насока на подобрување на затворскиот систем во Република Македонија. За остварување на поставената визија и мисија на Управата за извршување на санкции, а тоа е професионално и ефикасно организирани и управувани казнено-поправни и воспитно-поправни установи кои во континуитет обезбедуваат висок степен на ресоцијализирани и интегрирани граѓани во општеството, преземени се конкретни интервенции во легислативата, значајни активности за подобрување на процесот на ресоцијализација на осудените лица, подобрување на сместувачките капацитети во установите, како и активности за јакнење на капацитетите на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Македонија. повеќе .................................................................................................... ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БРИТАНСКАТА СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОСУДЕНИ ЛИЦА Во рамките на проектот “Поддршка кон воспоставување на пробациска служба во македонскиот казнен систем”, финансиски поддржан од Британската Амбасада во Скопје, во периодот од 14-18 ноември 2011 година, директорот на Управата за извршување на санкциите Лидија Гавриловска, претставници од Управата и од Центарот за човекови права и разрешување конфликти кој е локален имплементатор на Проектот, остварија студиска посета во Лондон, Велика Британија. повеќе .................................................................................................... ЗАТВОРОТ СКОПЈЕ СО НАЈОВРЕМЕНИ УСЛОВИ ЗА ПРИТВОРЕНИЦИТЕ Во сите притворски одделенија во затворите во земјава биле создадени услови за непречен и неограничен контакт на притворените лица со нивите бранители без да се бара одобрение од судот што ја води кривичната постапка. повеќе ....................................................................................... Фатени тројца малолетници избегани од Воспитно поправниот дом Тетово Тројцата малолетници од Воспитно поправниот дом Тетово, кои на ден 29.10.2010 година извршија бегство откриени се од полицијата и вратени се во Воспитно поправниот дом кој е времено сместен во објектот на Отвореното одделение на КПД Идризово во Велес. Меѓу нив е и лицето Петре Севдински, кој како полнолетен е осуден со повеќе пресуди на казна затвор од 1 година и 3 месеци и кој ќе биде упатен на издржување казна затвор од надлежниот судија. ....................................................................................... Притвореник вратен на доиздржување на мерката притвор во Затвор Тетово Ве известуваме дека притвореното лице Шани Исмаили од Тетово, кое на 26.10.2010 година изврши бегство од Затворот Тетово, на 02.11.2010 година е приведен од страна на СВР Тетово и е вратен на доиздржување на мерката притвор. ....................................................................................... Фатен затвореник при обид за бегство од КПД Штип Ве известуваме дека осуденото лице Роберт Пешев од с. Владевци, Струмица кое на 29.10.2010 година изврши бегство од Казнено поправниот дом Штип, на 01.11.2010 година е фатен и приведен во Полициската станица Струмица, истиот ден е преземен од страна на службените лица на КПД Штип и е вратен на доиздржување на казната затвор. ....................................................................................... Јуни 2010 Во рамки на Оценската мисија за правда, слобода и безбедност при Европската комисија на Европската Унија, членот на мисијата г. Греам Џонсон посети неколку Казнено поправни установи во Република Македонија. По реализираните посети г. Џонсон даде позитивна оценка и благодарност до Министерството за правда и Управата за извршување на санкциите за напредокот на реформите во затворскиот систем во Република Македонија. Писмото го пренесуваме во целост. Почитувана г-ѓо Гавриловска Тукушто го завршив мојот извештај и го пратив до Брисел. Се потрудив колку што е можно повеќе да ја рефлектира целосната слика и да се осигурам дека овозможува проценка на работата која Вашата служба ја има преземено под Ваше водство. Најбитниот елемент е процесот на промена со кој се справува вашата служба во моментот и големината на промените кои се успешно имплементирани во текот на последните две години. Извештајот немаше да биде завршен доколку ја немав неизмерната соработка од Вас и Вашиот персонал. Се надевам дека ќе обезбеди подобра слика за секој кој ќе врши оценски мисии во иднина. Исто така, би сакал да ја искажам мојата екстремна благодарност на Вас за времето кое го одвоивте за да бидете со нас и за Вашето гостопримство во текот на времето кое го поминав во Македонија. Ви честитам уште еднаш за заемот од Банката за развој кој ќе ви овозможи да направите вистинска разлика во пружањето на вашите услуги. Стратешкиот план кој вклучува инфраструктура и развој на менаџментот треба да и овозможи на Вашата служба да напредува и да се развива во модел од најдобри практики во регионот. Со почит, Греам Џонсон Graham Johnson ............................................................................................ Работилница : “Превенција од тортура и заштита на човековите права на затворениците” Во организација на Управата за извршување на санкциите а во соработка со Европската комисија преку инструментот за Техничка помош за размена на информации – TAIEX, денеска и утре во хотелот Арка во Скопје се одржува Работилница на тема: “Превенција од тортура и заштита на човековите права на затворениците”. Целта на одржување на работилницата е спроведување на обука на вработените во казнено поправните установи за почитување на правата на осудените лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор. На работилницата ќе бидат обработени повеќе теми кои се однесуваат на почитување и заштита на правата на осудените лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор, опасностите и последиците од тортура, одговорностите и последиците за вработените во затворите за кршење на човековите права на затворениците, како и за улогата на државата за заштитата од тортура. На работилницата ќе присуствуваат претставници од Управата за извршување на санкциите и дел од вработените во Секторот за ресоцијализација и Секторот за обезбедување од сите казнено поправни установи во Република Македонија. ................................................................................................ СООПШТЕНИЕ Заради објективно информирање на јавноста, во врска со изјавите на Прес-конференцијата во Канцеларијата на Народниот правобранител, Управата за извршување на санкциите не се согласува со наводите дека ништо не е направено за подобрување на состојбите во Казнено-поправниот дом Идризово. Ваквите наводи не кореспондираат со последниот извештај на Народниот правобранител, каде што е констатирано очигледен напредок во сместувачките капацитети во повеќето казнено-поправни установи повеќе ............................................................................................... ИНТЕРВЈУ ЗА ВЕЧЕР: ЛИДИЈА ГАВРИЛОВСКА, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ ЗАВРШИЈА ВРЕМИЊАТА НА КОРУПЦИЈА ВО ЗАТВОРИТЕ Ја намаливме и можноста за внесување на мобилни, дрога, пари преку храна. Ние имаме најдено калап сирење, засирен со телефон внатре, векна леб на која никаде не се познава дека е сечена, а внатре мобилен телефон. повеќе ............................................................................................... ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ЗА РАБОТЕЊЕТО И СОСТОЈБАТА ВО КАЗНЕНО ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА за 2008 година Управата за извршување на санкциите како орган во состав на Министерството за правда кој согласно Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на РМ“ 2/2006) врши работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на извршувањето на санкциите, е одговорна за организацијата и унапредувањето на системот на извршувањето на казната затвор и воспитната мерка упатување во воспитно-поправен дом. Во тие рамки, Управата има надлежност да организира, спроведува и да врши надзор на извршувањето на тие санкции, па преку ефикасен систем за професионално организирани и управувани казнено-поправни и воспитно-поправни установи во Република Македонија. да обезбеди законито извршување на санкциите со примена на меѓународните стандарди за почитување на личноста и достоинството на осудените и малолетните лица и заштита на нивните права. Имајќи ја предвид законската обврска од член 9 став 3 на Законот за извршување на санкциите, Управата за извршување на санкциите ја известува Владата на Република Македонија за состојбата и работењето на казнено-поправните установи и Воспитно-поправниот дом Тетово во 2008 година. повеќе ................................................................................................ РЕФОРМА НА ПЕНИТЕНЦИЈАРНИОТ СИСТЕМ Во Република Македонија во тек е реформа на пенитенцијарниот систем со цел подобрување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на поефикасно извршување на санкциите во согласност со меѓународните стандарди. Реформата опфаќа две компоненти: I.Подобрување на сместувачките капацитети за осудените, притворените и малолетните лица, како и подобрување на условите за работа на персоналот во казнено-поправните установи; II.Подигање и јакнење на кадровските капацитети во казнено-поправните и воспитно-поправните установи. повеќе ............................................................................................... Работилница: “Превенција од корупција во казнено поправните и воспитно поправните установи во Република Македонија” Во организација на Управата за извршување на санкциите во соработка со Европската комисија преку инструментот за Техничка помош за размена на информации – TAIEX на 22-ри и 23-ти април 2010 година во хотелот Best Western во Скопје се одржа Работилница на тема:“Превенција од корупција во казнено поправните и воспитно поправните установи во Република Македонија”. Свое излагање имаа експерти од Европската унија за поимот на корупцијата како појава, видовите на корупција како и последиците за вработените кои ја злоупотребуваат службената должност преку коруптивни дејствија. На работилницата присуствуваа претставници од Управата за извршување на санкциите и дел од вработените во Секторот за ресоцијализација и Секторот за обезбедување од сите казнено поправни установи во Република Македонија. ...............................................................................................
|