На денешната седница Комисијата за прв избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите утврди дека се пријавени 54 кандидати за членови на првиот Судски совет. Од нив за општата листа на Врховниот суд на Република Македонија се пријавил 1 кандидат. За општата листа на Апелационото подрачје –Скопје пријавени се 18 кандидати. За општата листа на Апелационото подрачје- Битола пријавени се 7 кандидати. За општата листа на Апелационото подрачје –Гостивар пријавени се 2 кандидати. За општата листа на Апелационото подрачје –Штип пријавени се 7 кандидати. За единствената посебна листа на кандидати на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија пријавени се 19 кандидати. Судиите ќе гласаат за по еден кандидат од општите листи на Врховниот суд на Република Македонија, и за општите листи од Апелационо подрачје-Скопје, Апелационо подрачје- Битола, Апелационо подрачје-Гостивар, Апелационо подрачје –Штип. За единствената посебна листа судиите ќе гласаат за 3-ца кандидати . Кандидатските листи Комисијата за првиот избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите ќе ги утврди на следната седница кој ќе се одржи на 30-10-2006 година (понеделник). |