
Средбата помеѓу министерот Маневски и г. Бисон е дел од низaтa континуирани средби, со која успешно се надоградува соработката помеѓу министерството за правда и канцеларијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата министрот Маневски го информираше г.Бисон за активностите што министерството ги презема на планот на судските реформи како и за активностите околу Изборниот законик. Како значајно прашање во таа насока се поставува гласањето на дијаспората за што министерот Маневски нагласи дека основна определба на Владата на РМ и на министерството е правото на избор да се направи реално остварливо, односно граѓаните во дијаспората да бираат и да бидат бирани.Посебно за ова прашање,како што истакна Маневски од голема помош ќе ни бидат и искуствата од регионот каде што неодамна беа одржани избори како во Словенија ,Хрватска идр.
Во контекст на разговорите за Изборниот законок на средбата беше спомнато и прашањето за обезбедување на гарантираните места за малите етнички заедници во Собранието на Република Македонија. Министерот Маневски посочи дека се потребни максимални законски гаранции и доследно регулирање на овие прашања во законот .
На средбата г. Бисон се заложи за продолжување на соработката со ОДИХР и ОБСЕ и давање на поддршка што подразбира и организирање тркалезни маси по Извештајот за изготвување на законите. |