Министерската
средба на која Република Македонија како земја кандидат за членка во ЕУ редовно
зема учество , практично го означи почетокот на Словенечкото претседателство со
ЕУ.
На оваа
неформална министерска средба се дебатираше на три теми : “Е-правда: од пилот
проекти до практични услуги,” “Овозможување на судска соработка во кривичната
материја: Потрага по рамнотежа помеѓу принципот на меѓусебно признавање и
заштита на фундаменталните права на осудените лица: судења во отсуство” и
“Семејно право: Зајакнување на судската соработка и пристапот до правдата.”
Заменик министерот за правда
Сашо Василевски се вклучи во дискусијата во рамките на втората работна сесија и
ги посочи состојбите со кои Република Македонија се соочува при судските
постапки во судење во отсуство , исто така даде осврт на проблемите кои
произлегуваат од имплементацијата на Европскиот налог за апсење. Заменик
министерот Василевски ги подвлече и активностите кои Република Македонија како
земја кандидат за членство ги презема за усоглсување со европските норми и
отпочнувањето на преговори со Еуројуст.
Делегацијата од Република
Македонија предводена од заменик министерот Василевски на маргините на
неформалната министерска средба, оствари билатерални средби со министерот за
правда на Словенија г-дин Ловро Штурм, правната советничка во Француското
министерство за правда за Француското претседателство со ЕУ г-ѓа Изабел Персез,
со претставници на Еуројуст и претставници на Министерството за правда на
Република Бугарија.
|