Министер

img

Министер

БОЈАН МАРИЧИЌ

БОЈАН МАРИЧИЌ, Министер за правда

 

Бојан Маричиќ е министер за правда во Владата на Република Северна Македонија.

Роден на 07.01.1983 г. во Скопје, Република Северна Македонија. Дипломирал на Правниот факултет Јустинијан Први, отсек меѓународни односи, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Како дел од МТЕК програмата на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Маричиќ магистрирал во Меѓународно и европско право на Универзитетот во Амстердам во 2009 година. Добивајќи целосна стипендија преку Чивенинг програмата на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Маричиќ се стекнал со уште еден мастер во Современи европски студии од Универзитетскиот колеџ во Лондон во 2011 година.

Работно искуство


Во периодот од ноември 2006 година до септември 2008 година, бил демонстратор по Право на Европската Унија на Правниот факултет „Јустинијан први“- Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје.

Од февруари 2007 година до август 2008 година работел како проектен асистент на проект за приближување на европското законодавство во Секторот за правни и кадровски работи на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Од септември 2009 година до септември 2010 година бил проектен координатор и аналитичар во правната програма, програмата за јавна администрација и ЕУ програмите во Фондацијата отворено општество – Македонија.

Во периодот од септември 2011 година до ноември 2013 година работел како Виш истражувач за правни и политички прашања во Евротинк – Центар за европски стратегии, водечка граѓанска организација за истражување, обуки и мониторинг на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Од октомври 2012 година до октомври 2013 година, бил истражувачки асистент на Фулбрајт проект на професорот Кит Браун од Браун Универзитет, САД.

Во периодот од ноември 2013 година до јуни 2017 година бил извршен директор на Евротинк- Центар за европски стратегии, водечка граѓанска организација за истражување, обуки и мониторинг на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ;

Од јуни 2017 година до јануари 2020 година работел како Посебен советник за евроатлантски интеграции на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Влада на Република Северна Македонија. Едновремено, Маричиќ е назначен и за Национален шерпас за Берлински процес, Влада на Република Северна Македонија.

Од јули 2018 година е именуван за Заменик на главниот технички преговарач, Главен технички преговарач и  Шеф на техничкиот преговарачки тим за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската унија, Влада на Република Северна Македонија;

Од јануари 2020 година до септември 2020 година е назначен за Национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка, Влада на Република Северна Македонија.

Конференции

Објавени книги и трудови

Автор на бројни академски и аналитички публикации во областа на ЕУ интеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан во ЕУ. Поседува долгогодишно искуство за анализи и истражувања за меѓународни организации и домашни политички и граѓански фактори, како и предавачко искуство на обуки, академски предавања за ЕУ прашања, јавно говорење, аргументација и дебата и формулирање на јавни политики и застапување.